Зошто НЕ за апостолките?

 

 
Според експертите за стапала апостолките се одличен избор за на плажа или пак за на базен, но не и за подолго одење. Зошто? Дознајте во продолжение.
Ѓонот не дава соодветна поддршка
Она што ни изгледа како добра карактеристика на апостолките, односно нивната мекост и удобност, предизвикува стапалото да се свитка кон внатре. Ова може да предизвика болка во петата, стапалото, на мекиот дел околу прстите и во самите прсти.
Мускулите и тетивите премногу се напнуваат
Малата лента во облик на буквата V која се наоѓа помеѓу прстите е единственото нешто што ја врзува вашата нога за апостолката. Поради тоа кога одите ја грчите ногата, а мускулите и тетивите работат „прекувремено“.
Рамните обувки ја напрегнуваат Ахиловата пета
Доколку носите обувки со малку подигната пета, рамните обувки ќе ги растегнат мускулите во листовите од нозете.
Доаѓа до здебелување и пукање на кожата
Кожата станува тврда, а бидејќи стапалата се изложени на воздух може да стане и сува. Доколку не ја негувате соодветно ризикувате да си направите рани на нозете.
Болки во колковите и грбот
Кога одите во апостолки вообичаено се скратува чекорот, што може да доведе до болка и во другите делови од телото. Најчесто тоа е грбот и колковите.
Не даваат никаква заштита
Нозете се изложени на разни остри и нечисти предмети, па со тоа се зголемува ризикот од исекотини и разни повреди.
 


 






Comments

Popular Posts